На 03.04.2021 во 14:30 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Македонија при извршената пасошка контрола на Д.П.А.(34) од Р.Франција било утврдено дека личната карта не била негова.
По преземени мерки, утврдено е дека станува збор за Б.Н.Е.(48) од Камерун.
Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.