Полицијата во Гевгелија поднесе кривична пријава до обвинителството од овој град против И.С. (34) од Нов Дојран, кој се сомничи дека извршил обљуба врз 25-годишна девојка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил на 20 ноември 2025 година во атар на село во општина Дојран.
Мажот бил приведен и изведен пред судија во Основниот суд во Гевгелија, кој му определил мерка притвор.
Текстот Маж од Дојран приведен под сомнение за обљуба врз 25-годишна девојка е превземен од МАКФАКС.























