Маж по случаен избор со нож нападна минувачи во Берлин при што повреди неколку лица. Како што пренесува „Билд“, тој тешко повредил две лица.

Мажот нападна неколкумина на улица во западниот кварт на Шарлотенбург, изјави портпаролката на полицијата, додавајќи дека двете жртви се хоспитализирани. Службите за итни случаи биле известени за нападот непосредно пред пладне на Нова Година. Осомничениот е уапсен.

Неколку минувачи го задржале човекот откако тој го извршил нападот. Истрагата се уште е во рана фаза бидејќи се уште се сослушуваат сведоците, јавува агенцијата ДПА.