65 годишен битолчанец, кој по петнаесет дена одмор на Занзибар, заболел од Ковид 19, моментално се наоѓа во Центарот за дијализа во Струга. Тој на одмор во оваа африканска земја бил заедно со неговата сопруга, која исто така е болна од Ковид и се наоѓа во болницата Осми септември во Скопје.
-Петнаесет дена престојувал во Занзибар, а последните два дена имал симптоми, кои се суспектни за Ковид 19. Пациентот сега е стабилен. Афебрилен е моментално. Рентгенски има една почетна состојба на бронхопневмонија еднострано. Има покачен цр протеин кој е маркерна инфекција. Температура за сега нема. Изолиран е. Дијализа сѐ уште немаме започнато“, рече Ацо Попоски-директор на Центар за дијализа Струга.
Од Занзибар се вратиле во 26 февруари. Од болницата се сомневаат дека можеби станува збор за јужноафрикански сој. За каков точно сој на Ковид 19 станува збор, ќе покажат анализите коишто ќе бидат направени во лабораторијата на МАНУ.