Во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, вчера околу 15:00 часот за укажување на лекарска помош била примена И.Р.(78) од гостиварско Сенокосе, која за кратко време починала на Интерното одделение.

Како што соопшти МВР, според пријавеното, набргу потоа, нејзиниот син Б.Р.(51) физички нападнал вработена во ова одделение, а оштетил и дел од инвентарот.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.