Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.

Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.

Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.

Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.

Ниеден агент не е повреден.

Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.

Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.

Текстот Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида е превземен од МАКФАКС.