С О О П Ш Т Е Н И Е на МАТУСИТЕБ
Почитувана јавност,
Нехуманата изјава на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски во врска со конфликтот помеѓу Палестина и Израел, предизвика длабоко разочарување и остри реакции кај муслиманскиот народ во Северна Македонија.
Треба да се знае дека Изреал години наназад е окупатор во тој регион и секоја година особено пред Рамазан Бајрам го провоцира муслиманскиот народ во Палестина, особено им се врши притисоци и брутални напади на верниците кои ги вршат Исламските обреди во светиот месец Рамазан во Месџиди Акса – Кудус.
Од 1948 година до денес преку разни нечовечки методи како иселување, рестрикции, амбарго, насилства, убиства и др. им се врши контролен геноцид врз Палестинскиот народ.
За жал меѓународната заедница само го следи случајот и не превзема мерки против овие криминални акти врз невините луѓе.
Ние како Сојуз на турските невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ строго ја осудуваме нехуманата изјава на Христијан Мицкоски и ѓи повикуваме сите политички партии и структури кои коалицираат со опозициската партија, да се оградат од оваа нехумана изјава и да реагираат на најостар начин.
Треба да се знае дека сите хумани и совесни луѓе се со Палестинскиот народ.
Сите терористички акти и нехумани политики на Израел треба строго да се осудат.
МАТУСИТЕБ
Сојуз на турските невладини организации во Македонија