Матурантите од денеска се враќаат на настава. Тие привремено го прекинаа бојкотот, почнат со почетокот на второто полугодие. Како што велат, чекаат помош од пратениците, односно поддршка за законските измени за исполнување на нивните барања. Матурантите бараат наместо четири, да полагаат два предвети во рамките од државната матура. Едниот да биде мајчин јазик, а вториот предмет да биде изборен.
Нивниот претставник Бленди Ходаи имаше средба минатата недела со ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржаа нивните барања и кои поднесоа предлог закон за измени на Законот за средно образование. Поддршка матурантите добија и од пратениците на Алијанса за Албанците.
Од друга страна министерката за образование и наука Мила Царовска неколку пати повторуваше дека измени во сред учебна година не можат да се прават и дека министерството е должно да обезбеди полагање на државна матура за оние кои што сакаат да се запишат на факултет.