Средношколците од стручните училишта ќе можат да најдат работа многу полесно од гимназијалците. Недостигот на разни профили на пазарот на трудот ги направи стручните училишта атрактивни, бидејќи на учениците им  обезбедуваат пракса и поголема можност за вработување.

Од Центарот за стручно образование велат дека учениците треба да ги избегнуваат гимназиите, бидејќи тие произведуваат само одредени профили за вработување кои во моментов се суфицитарни на пазарот на трудот.

Паралелките за медицински сестри се првите што се пополнуваат. Следат насоките економија, трговија и електротехника. Областите каде има најмал интерес се геологијата, рударството и металургијата.

„Бројките покажуваат дека има зголемување на запишувањето ученици во стручните училишта. За споредба во 2019-2020 година запишани биле 63%, а во учебната 2021-2022 година достигна 69%. Оваа година помина 70%“, вели Шериф Мифтари, директор на Центарот за стручно образование.

Стопанската комора во соработка со Центарот за стручно образование организираат дигитален саем за да ги поттикнат учениците да се запишат во технички и економски училишта, со што би се овозможило полесно и побезбедно вработување во насоките кои на пазарот на трудот се најпотребни. Кај нас има 75 средни стручни училишта.