На 5-ти,6-ти и 7-ми септември матичните лекари ќе бидат на своите работни места, но нема да издаваат рецепти, ниту ќе закажуваат прегледи на мој термин.

На хроничните болни им препорачуваат да побрзаат од понеделник по рецепти за неоходните лекови.

Од МЗ информираат дека работните групи се веќе формирани и активно работат во континуирана комуникација и координација со матичните лекари.

„ Очекуваме заеднички да изнајдеме најоптимални решенија за унапредување на примарната здравствена заштита“, велат од МЗ за „Локално“