На вчерашната владина седница беше донесена одлука со која матичните лекари ќе добијат еднократна парична награда и тоа 30 денари по пациент, ако успеат да ги убедат над 70 отсто од своите пациенти да се вакцинираат против ковид 19.

Оваа одлука доаѓа откако пред десетина дена министерот за здравство Венко Филипчеистакна дека на тој начин ќе бидат мотивирани и матичните лекари, а од друга страна ќе им влијаат на граѓаните помасовно да се вакцинираат, со оглед на тоа што во последниот период вакцинацијата стагнира и само 39 отсто од целокупното население е вакцинирано.