Полицијата соопшти дека привела пет малолетни момчиња од Куманово, кои во понеделникот нападнале нивни врсници во центарот на градот.
Тие се сомничат дека на 2 декември на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово физички нападнале неколку други малолетници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Тие со фантомки ги нападнале малолетниците и ги удирале со боксирачи додека чекале превоз. Едно од децата поради повреди побарало лекарска помош.