Прекинат е еднодневнот штрајк на вработените од Македонски железници (МЖ)-Транспорт, откако денеска во 14 часот им е исплатена втората половина од декемвриската плата. Патничкиот и товарниот железничкиот сообраќај во земјава е во прекин од вчера претпладне, објави СДК.мк.

„Вработените нема да ги извршуваат работите ако платата за претходниот месец не биде исплатена во целост до 25-ти во тековниот месец“, се вели во одлуката на машинскиот и извршниот персонал во МЖ- Транспорт од 2 ноември 2021, на која тие се повикуваат за да стапат во штрајк.

Поради тоа, од вчера од 9,15 часот кога требаше да тргне патничкиот воз од Скопје за Велес, ниту еден патнички и товарен воз не тргна од железничките станици во земјава. За ваквата состојба малкуте патници кои ги користат услугите на железницата дознале кога стигнале на станица да патуваат.