Полицаец (20) и неговата сестра се убиени во стрелба со огнено оружје која ја започнал Урош Б.(21) во селото Дубона кај Младеновац. Во овој масакр беа убиени уште 10 лиза, а 13 беа ранети.
Осум од нив се во Ургентниот центар, седум од нив ќе мора да бидат оперирани. Досега е завршена една хируршка интервенција.
Пристигнува се повеќе полиција, се пребаруваат околните села. Блокирани се крстосниците и приодите кон селото.
За Урош Б., во селото велат дека бил малку чуден, но дека никој не обрнал внимание
Според неофицијални информации, конфликтот со убиецот започнал во училишниот двор во местото Дубона. Тој се скарал со неколку лица, по што отишол дома и се вратил со автоматска пушка и отворил оган.
Според неофицијални информации, убиецот Урош Б. син на воено лице бил опколен во селото Шепшин, а преговорите со полицијата не биле успешни откако напаѓачот пукал во полицијата без намера да се предаде.
Напаѓачот пукал во соседното село Шепсина додека полицијата го бркала.
На местото на настанот има силна концентрација на полициски сили, а Специјалците не дозволуваат никој да се приближи до селата каде што се пукало.