Некогаш застапувани во име на трети лица, денес гласно и гордо сами во поход кон своите права – сексуалните работнички во земјава по 15-ти пат со добропознатите црвени чадори в рака мирно маршираа низ строгиот центар на Скопје, одново нагласувајќи го барањето што поскоро да станат рамноправни со останатите професии, пренесува Канал 5.

Омразата и родово базираното насилство се уште се нивно болно секојдневие. Иако, како што велат, добиле формална поддршка од 8 политички партии и водат процеси преку предлози поднесени до Владата, сепак регистрираат загрижувачки бројки на прекршени човекови права.

„Но, сепак, нашата заедница се уште живее во страв од напади, закани и системско насилство. Само во 2021 и 2022 година имаме документирано 34 случаи на прекршување на нашите права, од кои 20 се однесуваат на родово базирано насилство или семејно насилство и 3 случаи на насилство од омраза.“

Сексуалните работнички апелираат што побрзо да се направат промени во членот 191 од Кривичниот закон и член 19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и конечно нивната работа да биде легална.