Сите во Франција, особено навивачите и вработените во Марсеј, се воодушевени од младиот Бамба Диенг, 21-годишниот напаѓач.
Диенг постигна три гола на последните два натпревари, од кои два ги постигна на дербито против Монако. Тој го привлече вниманието кон себе поради неговата брзина, агилност и многу добро завршување.
Има само 21 година, но се чини дека е со голем потенцијал, а поранешниот напаѓач на Марсеј, Џибрил Сисе, ентузијастички зборуваше за „новиот Дидие Дрогба“.
“Го познавам од младинскиот тим на Сенегал. Тој е сличен на Дидие Дрогба. Знае да постигнува голови. Има одлична иднина и репрезентацијата на Сенегал можеби го најде својот напаѓач во него. Ги видовме неговите квалитети. Добро се снаоѓа во просторот, тој е експлозивен … “, објасни Сисе.
Диен дојде во Франција од родниот Сенегал и е во Марсеј од октомври 2020 година. Претходно играше за Диамбарс во Сенегал и во својата прва про сезона постигна 12 гола на 14 натпревари. На крајот, тој беше најдобар стрелец на првенството таму.
Самиот Дрогба, со кого го споредуваат, кариерата ја започна на некој начин во Марсеј, иако претходно напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска играше во Франција за Ле Ман и Генгамп. Подоцна стана познат во Европа играјќи за Челзи.