Францускиот прволигаш Марсеј му предложи на Наполи трансфер на полскиот фудбалер Аркадиуш Милик, објави на Твитер, Николо Шира.

Според новинарот, Французите се подготвен да платат осум милиони евра за ангажман на Милик. Од друга страна, Наполи бара 15 милиони евра за својот фудбалер.

Договорот на Милик со италијанскиот клуб трае до летото 2021 година. Беше објавено дека за 26-годишниот фудбалер се заинтересирани и Јувентус и Интер.