На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката од ВМРО-ДПМНЕ Анета Марковска Илиевска ја искористи присутноста на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и побара одговор од неа и службите за активностите за мега паркот.
Марковска Илиевска продолжи и додаде:
„Во однос на уредувањето партерно и озеленување на просторот помеѓу реката Вардар, Булевар Илинден, Никола Парапунов и улица Љубљанска во Општина Карпош во минатото усно, меѓутоа и писмено доставив прашање, но сега ќе ја искористам вашата присутност, тука и на градоначалничката, сеедно кој ќе ми одговори на прашањето“, рече Марковска Илиевска.
Марковска Илиевска упати прашање за тоа дали уредувањето и сите активности на мега паркот зафаќаат дел од втората заштитна зона каде што се бунарите, истото прашање е поставено по четврти пат, а одговор од Град Скопје и Данела Арсовска нема.