Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин разговараа за руската вакцина против коронавирус „спутник V“, објави германската новинска агенција ДПА.
„Тројцата лидери зборуваа преку видео-врска за руската вакцина“, изјави портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт.
– Advertisement –
„Спутник“ допрва треба да биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА). Зајберт вели дека „оваа проценка се прави според истите стандарди што важат за сите други вакцини“.
Според Кремљ, тројцата разговарале за можни испораки и заедничко производство на оваа вакцина во земјите на Европската унија (ЕУ).