Според шпанската „Марка“, Килијан Мбапе е во конфликт со неговиот тим Пари Сен Жермен и побарал трансфер во јануари.

Мбапе смета дека бил предаден од ПСЖ и сака да си замине од клубот. Наводно, напаѓачот жали и се кае што потпишал нов договор да остане во Париз, само два месеци откако реши да му каже „да“ на францускиот првак.

Ѕвездата на ПСЖ бара трансфер во јануари. Се пишува дека можна опција е Ливерпул, се наведува како прва, затоа што односот меѓу францускиот клуб и Реал Мадрид е расипан баш поради Килијан Мбапе.

Флорентино Перез и Насер Ал-Келафи не комуницираат поради играчот и трансфер сагата која беше во центарот на вниманието во текот на оваа година, исто така тука се и несогласувањата поради формирање на евентуална Суперлига во фудбал.

Прикажи повеќе