Министерот за правда Бојан Маричиќ преку фејсбук ги искритикува судиите од Апелацискиот суд кои донеле одлука да го ослободат Мијалков од притвор и да ја прифатат гаранцијата од 11 милиони евра во недвижнини.
-Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите.
Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност.
Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство.
Судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството.
Апелирам до Судскиот совет да испита по кој основ судиите ја донеле оваа одлука, пишува Маричиќ.