Во договорот кој го потпишаа лидерот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши, стои дека ќе има меѓународен мониторинг на неколку случаи како „Диво Насеље“, „Монструм“, „Алфа“ и „Малиот Алмир“. Синоќа министерот за правда Бојан Маричиќ во студиото на ТВ21 во „Клик Плус“ одговари што ќе значи тоа.
„Колку што знам, тие се случаите кои биле дискутирани и кои се ставени во договорот на лидерите на двете партии. Логично е што предизвикаа голем број на реакции, и кога ќе влеземе во суштината ќе видиме дека со овој договор не може да се влијае на тие случаи. Нема јавноста простор за загриженост дека политичките фактори дека власта ќе се меша во исходот или одлуките. Претходно сме имале кога политички партии барале мониторинг, сме имале ситуации и на барање на ВМРО-ДПМНЕ, кога се преговараше Законот за Јавно обвинителство, владата побара мониторинг за случаите за висока корупција“, рече Маричиќ.
Маричиќ напомена дека веќе побарале од ЕУ да прави некој вид истраги, а кажале дека немале механизми да прават истраги, туку да направат тим кој ќе ги следат случаи. И тој почнал во јули месец, и 20 такви случаи се набљудувани, вели Маричиќ.