Фејсбук статус на вицепремиерот Бојан Маричиќ:

Со Erion Veliaj се знаеме и соработуваме уште од 2001 година, кога во се уште неизвесните околности на Западен Балкан, во граѓанскиот сектор развивавме младински програми за критичко мислење, за дебата и за меѓусебно разбирање преку дискусија, а не преку насилство.

Вечерва тој во улога на градоначалник на Тирана ми беше домаќин на работна вечера во рамки на иницијативата “Дијалози за Балканот” на која се потсетивме на нашите ангажмани како граѓански активисти. Денес, од временска дистанца од 20 години од тогаш, заеднички потврдуваме дека во нашиот регион надвладеаа мирот и стабилноста, толеранцијата и разбирањето.

Северна Македонија и Албанија имаат повеќе заеднички приказни, една од нив е заедничкиот стремеж за членство во Европската Унија, а друга е соработката во иницијативата Отворен Балкан, заедно со Србија.

Македонците и Албанците се блиски соседи и сограѓани кои одлучија да го водат регионот напред кон јасна и предвидлилва европска иднина.