-Имаме добра основа за дебатирање за отворените прашања со Бугарија. Двете страни имаме добра волја за постигнување резултат. Тоа е доволна причина да веруваме дека проактивноста во дијалогот може да даде успех и договор, кој во суштина ќе значи дека интересите на двете страни се обезбедени и заштитени, стои во статусот на Фејсбук на вицепремиерот Маричиќ.
На состанокот во фокус на разговорот беа односите помеѓу двете земји, процесот на европска интеграција, како и за состојбата во целиот регионот, со акцент на важноста за напредок на нашиот евроинтеграциски процес, кој е важен и за Бугарија поради новиот геополитички момент кој што се случува во Европа.
–Искрени и взаемни мора да се заложбите за добрососедство и пријателство, бидејќи нашите добрососедски односи се во интерес на двете земји но и на целиот регион, вели Маричиќ додавајќи дека пред нив е уште работа, конструктивни разговори за добивање фер, и европско решение, достоинствено за двата народи и за заштита на македонските национални интереси.