„Интензивно разговараме со Бугарија и постојат можности за фер решение, штом нам ни е важно. Дали тоа ќе се случи зависи од тоа како ќе се постави Бугарија“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во вестите на Сител. Тој додаде дека нашата Влада е за брзо, но не и избрзано решение кое би било на штета на нашите интереси и нашиот идентитет.

„Ние сметаме дека најдобро е да се заокружи процесот со сеопфатен докумет што ќе ги утврди обврските и од двете страни. Формата на таквиот документ е помалку важно, важно е содржински да ги договори чекорите кои треба да ги направат двете држави до кревањето на ветото и потоа“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека Владата сите чекори во разговорите со Бугарија ги прави во рамките на Резолуцијата изгласана во Собранието и во правец на тргање на ветото.