„Оставштината од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се скапи пијачки, луксузна зграда, бела палата и крвави глави во Собранието. Тоа е вашето наследство“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во реплика на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ласовска во Собранието.
Тој додаде дека во судењето за „Талир 2“ беа прочитани и јавноста се запозна со делата и патеките од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Мермерни облоги и мермерен камен од 19.000е во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ. Плафонски лустери и ѕидни лампи 22.000е, подни плочки, дрвени лајсни од Италија 102.000е. Дрвен паркет од Италија 76.000е, теписон од Полска 21.000е, подни плочки, паркети, лајсни од Италија 18.000е, мозаични мермерни коцки 9.000е итн, итн“ рече Маричиќ.
Тој додаде дека наспроти ваквите извештаи за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сега извештаите кои ги добива земјата гарантираат почеток на преговорите со ЕУ, кој не се случува само поради спорот со Бугарија.