„Нивото на подготвеност в о моментот на Република Северна Македонија е највисоко во регионот. Тоа е повисоко од стие држави, дури и од оние кои преговараат веќе десет години“ изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во дебатата во Собранието.
Тој додаде дека имаме скок од 31 место на листата на Транспаренси интернешнл, како и скок од 33 места на листата на Репортери без граници во медиумски слободи.
„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ имавме пржински преговори, политичка криза, извештај од ПРИБЕ, вашите проекти се крунисани со ставање на црна листа на вашиот вистински лидер од Будимпешта. Вашите проекти се крунисани со прислушување и судски пресуди“ рече Маричиќ во репликата до пратеничката Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека насилството во политиката не може да биде легитимирано, колку и да се обидува тоа да го направат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.