5 мај 2015 година, пред седум години во јавноста излегоа разговорите поврзани со обидот за прикривање на убиството на Мартин Нашковски, пишува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на ФБ.
-Вечерта после тоа имаше масовни протести пред Владата, а полицијата под контрола на ВМРО-ДПМНЕ на двајца ваши поранешни министри кои ја контролираа полицијата во тоа време Јанкуловска и Чафков ги испратија специјалците да ги тепаат пред владата, и ги испратија да ги тепаат луѓето во библиотеката, да тепаат студенти и млади луѓе во библиотека.
Тоа е вашиот извештај за поглавје 24 од времето кога вие владеевте во државата.
Денес е многу поразлично и покрај сите проблеми, системот се справува со овие случаи на вистински начин како што треба. По прв пат кај нас во РСМ се извршени и конфискации и заплени на нелегално стекнат имот по прв пат во историјата на државата. Сите овие проблеми кои ги наведувате ние со месеци се обидувавме и се обидуваме да ги решиме на вистински начин по толкување на судот и доколку се потребни законски измени сме спремни да ги направиме законските измени и да видиме како ВМРО-ДПМНЕ ќе се постави кога ќе дојдат законските измени за подобра и поефикасно конфискување на имотот пред пратениците и да видиме како вие ќе гласате кога ќе дојде ред за тоа да се гласа, пишува Маричиќ.