Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во утринската програма на Канал 5 изјави дека македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори со Бугарија, а за се друго се разговара.
-Интересот на Северна Македонија во разговорите со Бугарија е да се заштити македонскиот јазик и македонскиот идентитет, но интерес ни е и да ги почнеме преговорите со ЕУ. Сметам дека низ дијалог можеме и двата интереса да ги исполниме, рече вицепремиерот.
Тој додаде дека двајцата нови премиери во Северна Македонија и Бугарија покажуваат желба со нова енергија и врз основа на научените лекции од изминатите години да се најде решение за сите отворени прашања.