Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на прес-конференција кажа дека францускиот предлог сè уште е во работна верзија.

Маричиќ, исто така, кажа дека конечниот предлог ќе биде испратен во релевантните институции, а со него ќе бидат запознаени коалициските партнери, Владата и Собранието.

„Кога ќе пристигне официјален предлог, тој ќе биде доставен на разгледување и во Владата и кај коалициските партнери. Секако, во некаква форма ќе биде консултирано и Собранието и Комисијата за надворешни работи“, кажа Маричиќ.