Доколку се согласиме на овој пакет, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури. Она што е битно во Првата меѓувладина конференција, преговарачката рамка го води Владата и таа да започне со преговорите. Кога ќе се согласиме со преговарачката рамка, ќе биде свикана Првата меѓувладина конференција на која што ќе се разговара со понатамошните чекори, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата.
Маричиќ информира дека е исполнето нашето барање да ги немаме историските прашања во преговарачката рамка.
-Ние и досега видовме дека ЕК уште во 2009 ги воведе добрососедските односи како постојани критиериуми и сите договори што се наоѓаат услов за нивно исполнување. Ние имаме гаранција дека тоа што сме го прифатиле и ратификувале во нашето собрание ќе го исполниме, ништо повеќе од тоа , додаде Маричиќ.