Министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека процесот на попишување на дијаспората продолжува до 30-ти септември.
„Операцијата на попишување треба да се случи одеднаш, во континуитет. Ние единствено што имаме во континуитет сега е попишувањето на дијаспората, и тоа е многу важно за дијаспората да се напомене дека тој процес продолжува. Тој процес започна на 1-ви март и ќе продолжи до 30-ти септември“, вели Маричиќ.
Тој додава дека во тек е процесот и се задоволни од досегашните бројки на попишани граѓани од дијаспората.
„Теренското попишување треба да започне масовно кај нас тогаш кога ќе се создадат сите услови и кога ќе имаме повисок степен на имунизација“, порача Маричиќ.