Министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека нема никакво прекршување доколку не започне денеска пописот.
„Постоечкиот закон предвидува пописот да започне на 1-ви и да заврши на 21-ви април, притоа стандародот на Евростат е да трае најмалку 15 дена, а ние сме оставиле во законските рамки 21 ден. Така што и да не започне денеска, и да не започне во првите неколку дена тоа не е никакво прекршување. Важно е да заврши на време, меѓутоа ние сите знаеме дека постои веќе предлог Законот на Владата кој што е доставен во Собранието и со кој што се предвидува да се озложи пописот за септември, од 5-ти до 30-ти“, истакна Бојан Маричиќ.
Тој смета дека има поддршка во Собранието за усвојување на овој закон.
„Затоа мислам дека не е воопшто соодветно да започне пописот овие денови, бидејќи како што тоа е голема машинерија од 6.000 попишувачи, што доколку теренски тргне – тешко може да се запре. Тоа се трошоци, постапки за кои треба да видиме што со нив. Вака само пописот се одлага за септември, а подготовките продолжуваат“, додава Маричиќ.