Министерот за правда, Бојан Маричиќ во гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ изјави дека немало ништо спорно што премиерот Зоран Заев ја координирал акцијата за пронаоѓање на Сашо Мијалков.

-Овде се разговараше за бегство на човекот кој неколку дена подоцна веќе му беше изречена казна затвор од 12 години. Не зборуваме за монтиран случај, не беше целта на тој состнаок да се монтира случај против било кого, туку целта беше како да се врати некој кој е во бегство. Некој за кој целата јавност беше заинтересирана – рече Маричиќ во емисијата 360 Степени на Алсат ТВ.

 

Според министерот, на состанокот никој не навлегол во туѓи надлежности, туку секоја институција постапила максимално во рамки на своите надлежности и обврски.