Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24 изјави дека лажните вести против него и обидите за лична дискредитација, како и интерпелациите во Собранието, нема да го поколебаат во битката за правдата во државата. Како што вели тој, битката е почната и се наоѓаат на вистинскиот пат. Десетина судии веќе биле разрешени, а се очекуваат и резултатите од Советот на јавни обвинители.
-Прочистувањето во правосудството ќе трае, нема да се заврши преку ноќ, но создадени се сите предуслови за да имаме резултати. Битката не е завршена, но тргнати сме на вистински пат. Јас ќе бидам задоволен со правда сите случаи на СЈО да имаат завршница, изјави вечерва министерот за правда.
Маричиќ додава дека битката е почната и дека се на вистинскиот пат.
-Секако дека има правда, но дали е доволна, можеме да дискутираме. За разлика од пред неколку години, од првите „бомби“ наваму се отворија многу процеси и денес имаме различна ситуација, имаме попатни разочарувања, би рекол падови и напредок, но сите очекуваме да биде подобро. Во многу ситуации нема правда, во многу институции… За да се солидаризираме со граѓаните, тргнавме со идејата и за формирање на СЈО, за реформи во правосудството, за прочистување, и сите напори се во таа насока. Битката не е завршена, но дека сме тргнати на вистински пат, трнати сме. Јас ќе бидам задоволен со правда сите случаи на СЈО да имаат завршница, кога ќе имаме издвојување на чесните судии и кога ќе функционира системот. Делумно сум задоволен од она што е направено до сега, но дека треба многу повеќе – треба, изјави Маричиќ, во гостување на ТВ 24.