Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за Сител вели дека доколку се следи законот утре би требало да се преземал било какви активности, бидејќи денеска не се успеа да се измени законот со кој би се одложил пописот.
„Но и било какви активности да бидат преземени, и да се почне со попишување утре тие податоци ќе важат за наесен кога ќе биде реализиран пописот“, потенцираше Маричиќ.
Тој додаде дека согласност за одложување на пописот има од сите политички партии освен од една, но тоа не било проблем денеска да почне седницата.
„Бидејќи законот е со ЕУ знаменце тоа значи цел процес може да трее два до три дена, така што нема можност за блокирање“, додаде Маричиќ.
Во однос на тоа што денеска Џафери го врати законот поради технички грешки, Маричиќ вели дека по враќањето сите грешки се исправени во рок од два часа и законот повторно е вратен во Собрание.