Имаме видлива европска перспектива, на нас е сега со одговорни одлуки да ја достигнеме. Од нас се очекува напредок кон ЕУ со реформи, дијалог и консензус кога станува збор за европската иднина на македонските граѓани. Ваква порака од Брисел, испрати вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата со неколку европарламентарци. Тој вели дека треба да го искористиме моментумот и како држава да направиме чекори, кои ќе бидат позитивни резултати и напредок. Маричиќ вели дека вакво нешто им го должиме на младите и идните генерации. Во рамки на дводневната работна посета на Брисел, Маричиќ оствари средби со европратениците од групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот Парламент

„Неопходен е дијалогот помеѓу политичките партии кои делат европски вредности за кои нема компромиси. Или сме за ЕУ или не. Ова е ситуација во која ќе покажеме дека навистина сакаме Северна Македонија да биде на маса и друштво со демократски и развиени држави од ЕУ. ЕУ покажа дека има план и одговорнсот за нас. Имаме и ние план, кој со заедничка акција на сите политички субјекти треба да го реализираме и до 2030-та година да ја валоризираме шансата која што денес ни е дадена.“, рече Маричиќ.