Бојан Маричиќ, во телевизиско гостување истакна дека Владата ќе работи до последен ден од овој собраниски состав за да обезбеди 80 пратеници.

– Мислам дека сите пратеници, пратенички групи и покитички партии треба да се свесни за својата одговорност, порача секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Маричиќ нагласи дека пораките од ЕУ, кои претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, ги донесе во Скопје се јасни, дека имаме перспектива да одиме напред, дека имаме многу добра основа за развој, планот за раст е во таа насока, скриниг процесот е на крај.

Ако сакаме да продолжиме понатаму треба да ги завршиме обврските со уставните измени, нагласи Маричиќ, додавајќи дека уставните амандмани содржински никој не ги оспори, па дури ни ДПМНЕ, но ги оспоруваат само заради свои политички поени што скапо ќе ја чини државата.