Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел може да стане заменик генерален секретар на НАТО. Информацијата за нејзината кандидатура се потврдува во Софија и во Брисел, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

Марија Габриел има доволно меѓународно искуство за да заземе ваква одговорна позиција. Таа е добро познат политичар во Брисел, каде што ја започна својата кариера како европратеник во редовите на најголемата Европска народна партија, а потоа стана еврокомесар во комисијата, начело со Урсула фон дер Лајен.

Во 2023 година, таа се откажа од високата позиција во Европската комисија за да учествува во формирањето на влада меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, во која ја презеде функцијата министер за надворешни работи и вицепремиер.

Најсериозниот успех што таа го постигна на чело на бугарската дипломатија беше отстранувањето на ветото на Холандија за влез на Бугарија во Шенген.

Токму Холанѓанец ќе биде следниот генерален секретар на Алијансата. Поранешниот холандски премиер Марк Руте, ќе го наследи Јенс Столтенберг на функцијата прв човек на НАТО, подоцна оваа година. Се очекува дека во тимот на Руте ќе биде вклучена и Марија Габриел, кој доби поддршка и од Софија за генерален секретар на Северноатлантскиот договор.

Доколку Габриел ја заземе оваа одговорна позиција, таа ќе биде една од највисоко рангираните Бугарки на меѓународната сцена, а тоа ќе биде од голема корист во ова тешко време, кога во близина на Бугарија беснеат две големи војни.

На Софија и треба посериозно претставување на самитите и на НАТО и на Европската комисија за да може да спроведува политики во интерес на Бугарија и Европа.