Домот зрачи со елеганција и е опкружен со зеленило кое нуди прекрасен поглед…

Австралиската актерка Марго Роби (30) ѕвездата од холивудските филмови „Волкот од Волстрит“, „Јас, Тоња“ и „Си беше еднаш во Холивуд“, ја продава својата куќа во Беверли Хилс за 1.175.000 долари.

Актерката која со вкупно 19 филмски ангажмани за само пет години, службено ја носи титулата за најангажираната актерка во Холивуд оваа раскошна вила ја купила во 2018 година по номинацијата за Оскар во филмот „Јас, Тоња“.

Profimedia

Домот тогаш го купила со сопругот Том Акерли со кого е четири години во брак. Куќата ја краси прекрасниот ентериер, а во просториите доминира белата боја.

Profimedia

Убавата актерка направила и детално преуредување на домот, кој е богат и со земјиште околу куќата.

Подот е од темно дрво, а модерно уредената кујна во бела боја е идеална за сите љубители на модерната архитектура.

Profimedia

Француските прозорци во спалната соба му даваат на просторот доволна количина на светлина, а куќата со многу тераси ви нуди неверојатен поглед на Лос Анџелес.

Profimedia

Прекрасниот двор со многу зеленило е рај за душата и одморот, но и за дружење со пријателите.