Голманот на германската фудбалска репрезентација Мануел Нојер може да ги пропушти натпреварите против Романија и Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Искусниот голман не го одработи првиот тренинг со репрезентацијата поради болка во десното колено, која е присутна веќе некое време.
Доколку капитенот на Баерн Минхен нема да може да го чува голот на Германија, ова ќе биде голема шанса за Тер Штеген или Лено да ги покажат своите квалитети во репрезентативниот дрес.