Претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер му честиташе на Росен Желјазков за неговиот избор за премиер на Бугарија, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Оваа влада претставува момент во кој Бугарија ќе се врати на патот на стабилноста, напредокот и единството“, напиша Вебер на социјалната мрежа Х.
Лидерот на најголемата европска партија им посака успех на Желјазков и неговиот тим во градењето на добра иднина за Бугарија.