Манекенката Ешли Морган Смитлајн го нарече поранешниот партнер Мерилин Менсон чудовиште во интервјуто за магазинот „People“. Таа тврди дека пејачот ја силувал, гризел, камшикувал, ја сечел со нож…

„Преживеав чудовиште“, изјави 36-годишната манекенка за „People“.

„Мислае дека ќе ме убие“, додаде таа.

Кога и да го налутила, тој ја казнувал, како што вели, затварајќи ја во стаклена кутија, која ја нарекувал соба за лоши девојки.

„Во неа завршив стотина пати, па можеби и повеќе поради најбанални причини. Таму одев кога ќе заспиев по илјадиттото преслушување на неговата песна“, раскажа таа.

За сето ова се изјасни и портпаролот на Мерилин Менсон:

„Постојат толку невистини во нејзините тврдења, што не знаеме од каде да почнеме. Таа врска, ако можела да се нарече врска, траеше помалку од една недела, а се што се случувало во неа е со согласност на двете страни“, изјави портпаролот.

Манекенката за магазинот „People“ ги покажа сите мејлови и пораки по кои јасно се гледа дека таа врска траела повеќе од две години.ешли