Манчестер Јунајтед денес објави дека влегуваат во новата сезона со нов спонзор на дресовите.
Наместо американската компанија „Шевролет“, следната сезона на дресовите на „црвените ѓаволи“ ќе се појави името на технолошката компанија „ТимВјуер“.
Потпишан е огромен договор помеѓу Јунајтед и оваа компанија. Станува збор за петгодишен договор вреден вкупно 235 милиони фунти.
Manchester United have announced a new shirt sponsorship deal with TeamViewer. The Global tech company has signed a 5-year contract with United worth £235m (£47m-a-year).
It’s described as the biggest shirt-only deal in the Premier League.
(Source: @ManUtd) pic.twitter.com/CthIQz3ddw
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 19, 2021
Јунајтед затоа ќе добива 47 милиони фунти годишно и ова е најголемиот договор за рекламирање на дрес во англиската Премиер лига.