Навивачите се враќаат во салите во Унгарија. Ова го потврди ракометниот клуб Веспрем, а кој настапува нашиот Дејан Манасков.
„Со нетрпение чекавме да го објавиме овој пост. Ве покануваме на домашните натпревари. Да се сретнеме на 20 мај и заедно да се бориме за нов Ф4 турнир, објави унгарскиот клуб на твитер.
Инаку, во четвртфиналето ќе се сретнат Веспрем и Нант. За Веспрем игра Манасков, за францускиот тим нашиот најдобар ракометар и во моментов селектор-играч Кире Лазаров.
Првиот натпревар ќе се одигра во Франција на 13 мај, реваншот е на 20-ти мај, домаќин е Веспрем.