Валентин Манасиевски oд ВМРО-ДПМНЕ, денеска обвини дека преку Агенцијата „Еразмус +“ биле доделени грантови во вредност од 205 илјади евра на Горан Велковски, брат на тогашниот пратеник од СДСМ, Диме Велковски.
„83 илјади евра за дресура на магариња и 125 илјади евра за правење сирење, СДС преку Еразмус + доделија на братот на нивниот пратеник,“ изјави Манасиевски.
Тој посочи дека остануваат неодговорени повеќе прашања – кој ги одобрил проектите, дали лицата што одлучувале биле блиски до СДСМ и дали на повиците учествувале и други кандидати кои не биле одбрани поради тоа што не биле членови на партијата.
„Тоа што СДС го правеше во Агенцијата Еразмус + беше еден од примерите како тие ја водеа државата. Работа и проекти имаше само за нивни членови, криминалот и корупцијата цветаа, додека одговорност немаше,“ рече Манасиевски, додавајќи дека обвинителството треба да отвори истраги.
Текстот Манасиевски: Преку Еразмус+ доделени над 200 илјади евра на брат на пратеник од СДСМ за дресура на магариња и првење сирење е превземен од МАКФАКС.