Зоран Заев, партнерот на Венко Филипче, гради 40катница во Дубаи, ова е сведоштво на човек кој тврди дека бил таму и го видел тоа, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Зоран Заев, кажува лично сведоштво дека бил во Дубаи и ја посетил зградата која ја гради Зоран Заев. Но, исто така кажува и дека Венко Филипче има стан во Дубаи. Ова е скандал од невидени размери, но и доказ дека златните визи на Зоран Заев и Венко Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности. Во своето сведоштво, Томе Аврамски вели, цитирам: ‘Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДС (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 спрата. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра’“, рече Манасиевски.
Тој прашува дали е точно дека додека државата ја оставил на колена, опустошена, Зоран Заев гради згради во Дубаи и тоа 40 катница?
„Од каде му се парите за тоа? Дали се од РЕК Битола и дали за тоа е вмешан Вице Заев? Каква е врската на Вице Заев и Енко Колашинац? Дали за овие „бомби“ ќе расправа антикорупцискиот тим на СДС?“, праша Манасиевски.
Текстот Манасиевски: Имаме пријава до антикорупцискиот тим за Зоран Заев кој гради 40 катница во Дубаи е превземен од МАКФАКС.























