Марио Манџукиќ во текот на утрешниот ден ќе ги има задолжителните лекарски прегледи, известуваат италијанските медиуми.

Хрватскиот напаѓач е подготвен да се врати во Серија А откако го раскина договорот со Јувентус во декември 2019 година. Неговиот последен настап го имаше со Ал-Духаил во март 2020. Според новинарот Фабрицио Романо, после прегледите ќе биде потпишан договорот.

– Го одби понудите на турските клубови, а во наредните неколку часа ќе биде во Милано за да го потпише договорот. Потврдено е – се зборовите на италијанскиот новинар Романо.

Тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли одби да ги коментира шпекулациите околу можното доаѓање на 34-годишниот играч.

– Утре имаме важен натпревар, не можам да зборувам за играчи кои не се дел од екипата – рече Пиоли на денешната прес конференција.

Воедно доаѓаат и информации дека Милан ја следи ситуацијата и со младиот одбранбен фудбалер на Челси, Фикајо Томори. Можно е прво да дојде на позајмица, а потоа клубот ја има и опцијата за откуп на неговиот договор.

Цената е 30 милиони евра, овој 23-годишен дефанзивец ретко добива шанса кај лондонските „сини“, а настапуваше уште за Брајтон, Хал сити и Дерби.