-Уште еден што сака да влезе во категоријата Простак на годината, а богами ова е веќе и зоофилија. Ваквите снимки треба да не едуцираат како НЕ ТРЕБА да се однесува еден возрасен човек… Ваквите однесувања може да ги сопреме само ако јавно вака ги направиме „славни. Овој текст заедно со видео го објави на социјалните мрежи Тина Мицковска, која воедно е и прв соработник во Зоолошката градина. Видео било поставено на „Тик-Ток“, каде посетителот на несовесен и вулгарен начин ги вознемирува магарињата во нивниот простор.