Таткото во полиција пријавил дека пријателот на неговата поранешна сопруга ја допирал нивната малолетна ќерка, соопшти полицијата.
Имено, синоќа во 19.30 часот во СВР Скопје, 44 – годишник од Скопје пријавил дека во домот на неговата поранешна сопруга, нејзиниот пријател М.И. ја допирал по телото нивната малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.